Home » Тажна вест од Италија: Почина фиозиотерапевтот на Лече, одложен натпреварот со Аталанта

Тажна вест од Италија: Почина фиозиотерапевтот на Лече, одложен натпреварот со Аталанта

by Lina Muslija

Натпреварот помеѓу Лече и Аталанта, кој требаше да се одигра утревечер (четврток) од 20:45 часот, е одложен поради смртта на физиотерапевтот на домашниот тим, Грацијано Фиорита.

Клубот од Лече во официјално соопштение потврди дека Фиорита починал ненадејно за време на тренинг-кампот на тимот. Трагедијата оставила силен емоционален шок кај фудбалерите и стручниот штаб, поради што е донесена одлука натпреварот од 33. коло во Серија А да биде одложен.

„Со длабока тага известуваме дека нашиот долгогодишен физиотерапевт и драг пријател, Грацијано Фиорита, почина за време на престојот со екипата. Сите сме во жалост. Клубот, стручниот штаб и фудбалерите се сплотени во болката“, стои во објавата од Лече.

Фиорита беше почитуван член на спортскиот колектив и дел од клубот веќе неколку сезони. Неговата смрт е тежок удар за целото спортско семејство на Лече, а одлуката за одложување на натпреварот е поздравена со разбирање и сочувство од Аталанта и фудбалската јавност.

Лече моментално се наоѓа на 17. позиција на табелата со 26 бодови и води жестока битка за опстанок во Серија А, додека Аталанта е трета со 64 освоени поени и е во трка за пласман во Лигата на шампионите.

Нов термин за одигрување на натпреварот ќе биде дополнително соопштен од страна на Серија А.

 

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk