Home » „ТАВ Македонија“: Лажни информации за продажба на багаж во име на Меѓународниот аеродром – Скопје

„ТАВ Македонија“: Лажни информации за продажба на багаж во име на Меѓународниот аеродром – Скопје

by Журнал.мк

„ТАВ Македонија“, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродроми, Меѓународниот аеродром – Скопје и Aеродромот „Свети Апостол Павле“ – Охрид, ја известува и предупредува јавноста за лажни страници и профили на социјалните мрежи, преку кои наводно се продава изгубен багаж на аеродромот.

– „ТАВ Македонија“, подружница на „ТАВ Аеродроми“, сака да ја информира, а истовремено да ја предупреди јавноста дека, за жал, има лажни страници и профили на социјалните мрежи, на кои наводно се продава изгубен багаж на Меѓународниот аеродром – Скопје. Ова се лажни објави на социјалните мрежи преку кои се шират лажни информации за наводна продажба на изгубен багаж во име на Меѓународниот аеродром – Скопје, односно аеродромскиот оператор „ТАВ Македонија“, а понатаму, корисниците се пренасочуваат на линкови до веб-страници, каде што се бараат лични податоци и детали од банкарски сметки, со цел да бидат измамени да направат трансакција, појаснуваат од „ТАВ Македонија“ преку соопштение до јавноста.

Оттаму апелираат граѓаните да бидат внимателни додека се на интернет, особено кога се бара да ги вметнат личните податоци и детали за трансакциски сметки, што може дополнително да бидат злоупотребени.

– Како сериозна и одговорна компанија што се грижи за своите клиенти, „ТАВ Македонија“ ќе ги преземе сите правни мерки за заштита на својот углед, особено затоа што во аеродромската дејност, изгубениот багаж им се враќа на сопствениците согласно утврдена процедура, односно со изгубениот багаж никогаш не се тргува, нагласуваат оттаму.

Во соопштението се истакнува дека сите официјални информации и новости во врска со и за Меѓународниот аеродром – Скопје може да се најдат на веб-страницата, како и на страниците на „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Твитер“/„Х“.

– Сите други веб-страници и страници на социјалните мрежи на кои луѓето може да наидат, лажно се претставуваат и немаат никаква врска со Меѓународниот аеродром – Скопје и дејноста на „ТАВ Македонија“, посочуваат оттаму.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk