Home » Таткото на Вања останува во притвор, Апелација ја одби жалбата на одбраната

Таткото на Вања останува во притвор, Апелација ја одби жалбата на одбраната

by Журнал.мк

Александар Ѓорчевски, татко на 14-годишната Вањa која беше киднапирана и убиена во декември минатата година, останува во притвор.

Одлуката е донесена од Апелациониот суд Скопје откако таму вчера се одржа јавна седница на која се расправаше по барањето на одбраната на Ѓорчевски за укинување на неговиот притвор.

Барањето за укинување на притворот Апелација го одби како неосновано и дополнително го потврди решението од Кривичниот суд со кое на Ѓорчевски му се продолжува мерката притвор за уште 30 дена.

„Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по предметот КСЖ-170/24, по одржана Јавна седница, на ден 22.2.2024 година, донесе решение со кое жалбата на осомничениот А.Ѓ., од Скопје, изјавена преку неговиот бранител, ја одби како неоснована и го потврди решението на Основниот кривичен суд со кое мерката притвор се продолжува за уште 30 дена“, информираа денеска од скопска Апелација.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, правен застапник на Ѓорчевски, бараше укинување на неговиот притвор поради тоа што, како што вели, досега не е предочен ниту еден доказ од кој произлегува основано сомневање за сторено кривично дело ниту, пак, им е овозможен увид во предметот.

Обвинителството го сомничи таткото на Вања за кривично дело помагање во киднапирање и бара тој да остане во притвор поради опасност од бегство и влијание врз сведоци.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More