Home » Таткото на Вања е наместен од полицијата за да се изготви лажен мотив, тврди Палчо и обвинува за политичко монтиран процес

Таткото на Вања е наместен од полицијата за да се изготви лажен мотив, тврди Палчо и обвинува за политичко монтиран процес

by Журнал.мк

Љупчо Палевски Палчо, првообвинетиот за убиството на малолетното девојче, Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче пред судот кажа дека ова е политички монтиран процес.

-Овој родител наместо да го плачи своето дете, од полицијата е наместен за да се изготви некоја лажен мотив и врска. Јас не го не го познавам, рече Палчо за тсткото на Вања.

Таткото на Вања кажа дека на располагање се става на судот да се открие вистината за овој случај.

Тој тврди дека докази нема против него, туку цело обвинение е врз основа на лажен исказ на еден обвинет.

Адвокатот на Палчо тврди дека обвинителството нема никакви биолошки докази дека Палчо бил на местата на убиствата.

Адвокатот Марјан Витанов тврди дека има многу недоследности во обвинението и најави дека ќе докажат дека Палевски имал некаков план со другите обвинети, ниту имало биолошки траги во автомобилот Рено кангу, ниту дека бил на местата на убиствата.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk