Home » Таткото на Леонид Индов ќе поднесе жалба до Првостепената комисија на ФЗОМ

Таткото на Леонид Индов ќе поднесе жалба до Првостепената комисија на ФЗОМ

by Журнал.мк

Непотполно конзилиарно мислење на ТОАРИЛУЦ е причина што Првостепената комисија на Фондот за здравство го одбила барањето на Леонид Индов за 140 илјади евра кој лани се повреди на одмор во Грција и не може да ги движи екстремитетите. Според директорката на ФЗО, Филиповска – Грашкоска и покрај тоа што првостепената комисија се обратила до лекарите кои го издале конзилиарното мислење, тие по втор пат добиле непрецизиран одговор што конкретно се бара.

На денешниот брифинг со новинарите и покрај тоа што била поканета претседателката на првостепената комисија на ФЗО д-р Сања Петрова да образложи каде во земјава Леонид Индов може да се лекува, таа не дојде за да го каже и својот став.

Заменик министерката за здравство Манолева тврди дека и порано се видела со родителите на Леонид Индов и им укажала дека во Македонија има центар каде што може да се направи рехабилитација во делот на отстранување на респиратор. И покрај тоа што семејството на 18-годишниот Леонид Индов покажа конзилијарно мислење во кое стои дека во земјата се исцрпени сите можности за негово лекување, денес Манолева, вели дека родителите воопшто не побарале никакво мислење од соодветна институција за можноста лекувањето или рехабилитацијата да се завршат кај нас.

Во телефонски разговор за Телма таткото на Леонид, Бранко Индов вели дека следната недела ќе поднесе жалба на одлуката на првостепената комисија и покрај тоа што не е наведено зошто се одбиени, додава Индов.

Во меѓувреме останува на Фондот за здравство и на второстепената комисија дали рехабилитацијата и лекувањето на Леонид Индов ќе продоложи во Австрија. На социјалните мрежи се уште се споделуваат повици за хуманост и се собираат донации за помош на Леонид.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More