Home » Таравари за европскиот фронт: Не можам да го замислам Села на заедничка листа со ДУИ

Таравари за европскиот фронт: Не можам да го замислам Села на заедничка листа со ДУИ

by Журнал.мк

Кандидатот за претседател од редовите на опозициската коалиција ВРЕДИ, Арбен Таравари, не може да замисли АА да биде на заеднички листи со ДУИ. Според него, би било незамисливо неговите колеги од крилото на Села можат да коалицираат со ДУИ.

Таравари се сомнева дека во Основниот суд во Тетово се врши притисок врз судијата во чиј раце е предметот на АА, и кој треба да донесе одлука кому ќе му припадне партијата. Таравари вели дека има тенденции за негова промена.

Што се однесува до изборната кампања, Таравари ги повика сите шестмина противкандидати да се сретнат во сабота во 12 часот во Тетово и заедно да дебатираат за состојбата со иселувањето на граѓаните од Македонија. Според него, од 2011 до 2019 година Македонија ја напуштиле околу 700.000 граѓани, овие бројки се загрижувачки според Таравари.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More