Home » Таравари: Убеден сум дека ќе победам на изборите

Таравари: Убеден сум дека ќе победам на изборите

by Журнал.мк

Претседателскиот кандидат од здружената албанска опозиција „ВРЕДИ“, Арбен Таравари, се согласува со ставот на ДУИ, ако некој кандидат изгуби на изборите да се повлече од политиката…

Убеден сум дека ќе победам на изборите, вели претседателскиот кандидат од здружената албанска опозиција „ВРЕДИ“, Арбен Таравари. Тој се согласува со ставот на ДУИ, ако некој кандидат изгуби на изборите да се повлече од политиката.

Владејачката ДУИ седум години зборува за ветинг, а не го направи, јас сум подготвен веднаш да се направи тоа, ваков предизвик упати Таравари до директните конкуренти.

Таравари е сигурен и во победа на парламентарните избори, оти, како што рече, листата на кандидати за пратениците од коалицијата „ВРЕДИ“ е составена од луѓе кои не се црната листа и не се под истрага на обвинителството.

На меѓународниот ден, Таравари оцени дека преку спортот младите се градат како активни граѓани на државата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More