„Ми беше задоволство, што имав денес топла и пријателска средба со амбасадорот на Република Албанија Денион Мејдани. Односот меѓу нашите две земји е апсолутен и природен приоритет за нас.“ – напиша на својот официјален фејсбук-профил Арбен Таравари, министерот за здравство и еден од челниците на албанската коалиција Вреди. Освен оваа куса протоколарна вест, Таравари не напиша ништо за поводот за оваа средба, ниту за темите, за кои разговарал со албанскиот дипломат во Македонија.
Информативниот портал на албански јазик од Македонија „Телеграфи“ објави дека на оваа средба се расправало за „односите меѓу * Македонија и Албанија, како и за можната соработка во иднина“.