Home » Таравари повикува на претседателска дебата за иселувањето

Таравари повикува на претседателска дебата за иселувањето

by Журнал.мк

Само во периодот 2011-2019 година, според владини извори, 700.000 граѓани ја напуштиле Северна Македонија или секој четврти граѓанин. Овие податоци се потврдени со пописот на населението од 2021 година, каде што, на пример, мојот Гостивар изгубил 36% од населението. Значи за двајца гостиварци во татковината имаме еден во егзил – порача денес претседателскиот кандидат на коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари.

-Овој тренд се зголеми експоненцијално во текот на изминатите пет години. Според некои податоци објавени од Институтот Арбен Џафери, само во 2021 и 2022 година во Германија заминале 85.000 граѓани на Северна Македонија, главно млади и квалификувани луѓе. Значи, со алармантна брзина го губиме највиталниот дел од нашето општество, со долгорочни последици за работната сила, за развојот и за економската перспектива на земјата.Оваа чума мора да се запре пред да биде предоцна. Мора да дејствуваме сега со заеднички разговори како ќе пристапиме кон овој егзистенцијален проблем на нашата земја, порача Таравари.

Тој наедно најави дека ќе организира јавна трибина на тема спречување на иселувањето во сабота во Тетово, повикувајќи ги сите претседателски кандидати да учествуваат.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More