Арбен Таравари, лидерот на крилото на Алијанса за Албанците, синоќа на собирот со граѓани „Се среќаваме во Гостивар, посочи дека Ваљбон Лимани, актуелниот вд градоначалник на општина Гостивар ќе биде кандидатот за уште еден мандат.
Таравари во обраќањето во центарот за култура „АСНОМ“ ги разреши дилемите околу кандидатурата на Валбон Лимани, испраќајќи јасна порака до оние кои, како што рече се обидуваат ја попречат.
– Ви кажувам оттука, Валбон Лимани не е кандидатот, туку тој ќе биде новиот градоначалник на Гостивар, рече Таравари.
Во говорот, лидерот на крилото на Алијансата за Албанците што се одвои од коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ искажа огорченост од постапките на сопартијците Азир Алиу и Арбен Фетаи кои останаа во владината коалиција и ги повика да излезат на избори како кандидати.
– Едниот нека се кандидира во Гостивар, а другиот во Липково. Ако еден од нив добие над илјада гласови, јас ќе се повлечам од политиката, рече Таравари.