Home » Таравари најави дека до петок ќе каже како ќе се решава проблемот со хируршките сали

Таравари најави дека до петок ќе каже како ќе се решава проблемот со хируршките сали

by Журнал.мк

До петок ќе биде донесена дефинитивна одлука како ќе се решава проблемот со хируршките сали, најави новиот министер за здравство Арбен Таравари кој на првиот работен ден ги посети засегнатите клиники. Тој деновиве го очекува извештајот од испитувањата за да се лоцира причината за лошата миризба, по што ќе се знае дали итно ќе се набавува нова компресорска станица која би била ставена во функција најрано до крајот на годината или ќе се поправа постоечкиот систем. Во меѓувреме интервенциите се реализираат со надворешни компресори, а бројот на операции е редуциран.

– Дефинитивно е редуциран бројот на операции, многу е помал за разлика од тогаш кога работел централниот компресивен систем, меѓутоа се функционира. Затоа велам, се уште немаме долгорочно и сигурно решение. Затоа, не треба да се брза, се работи за човечки животи. Подобро да бидеме внимателни и да најдеме што побргу долгорочно решение, бидејќи сепак огромен број на пациенти со сериозни болести се лекуваат тука, изјави Арбен Таравари, министер за здравство.

Таравари рече дека до крајот на денот ќе ги потпише решенијата за разрешување на половина од 14-те в.д економски директори, но не кажа дали меѓу нив е Бесија Иљази од Токсикологија за каде најави дека утре ќе биде именуван нов медицински директор.

– Сите ќе бидат разрешени. Тие што се со мандат, ќе ми треба измени во законот, веќе е дадена нардба што побргу да оди во Парламент измената на законот, да нема повеќе економски директори. Сметајте, за мецес-два веќе ќе нема економски директори ниту со закон, рече Таравари.

Во меѓувреме доктор Маријан Шокаровски повторно е вратен за директор на државната кардиохирургија со потпис на заменичката министерка, за што Таравари рече дека правилно постапила.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More