Home » Таравари: Македонци, Босанци, Роми, Власи, се потпишаа на мојата кандидатура

Таравари: Македонци, Босанци, Роми, Власи, се потпишаа на мојата кандидатура

by Журнал.мк

Арбен Таравари – кандидатот за претседател на државата од коалицијата „Вреди“ вели дека на изборите ќе добие гласови и од македонските граѓани.

Тој во интервју за весникот „Лајм“ вели дека во процесот на собирање на потребните потписи за неговата кандидатура, интерес да го поддржат покажале голем број граѓани Македонци, Босанци, Роми и Власи.

„Не само од македонскиот електорат. Среќен сум што за потписите што ги собравме пред 5-6 дена ми се јавија и многу Босанци, Македонци, Роми, Турци, Власи кои инсистираа по секоја цена иако им кажав дека се собрани 10.000 потписи. Некои дури отишле на нотар и сами си го платиле тоа, само за да дадат поддршка. Се разбира, нашата тенденција и цел ќе биде албанскиот глас, но секако ќе се обидеме да ги анимираме и да добиеме поддршка и од другите етнички групи. Несомнено очекувам квантум на гласови и од другите етнички групи. Значи тука е единствената логика да се оди во втор круг, инаку Албанците се тука близу 30% но Македонците се 54%, значи блиску до 15% се другите етникуми. Мислам дека може да има позитивна кампања и да се добие одредена поддршка и тоа ви дава простор да размислуваме за одење во вториот круг – изјави Таравари.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More