„Претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти е еден од најомилените премиери за нас и дефинитивно тој и премиерот на Република Албанија, Еди Рама се едни од најважните премиери во светот за сите Албанци и тоа е тоа“, напиша министерот за здравство Арбен Таравари на социјалните мрежи и додаде дека секој кој мисли поинаку ја сменил албанската ДНК со онаа од интерес.
Претходно, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и потпретседателот на таа партија, Бујар Османи ја осудија изјавата на косовскиот премиер Албин Курти за албанскиот јазик во Македонија, нарекувајќи ја „скандалозна“ и „штетна“.
Османи појасни дека Курти ја поткопува точката од Охридскиот договор која регулира употреба на албанскиот јазик во Македонија, која е постигната преку измена на Уставот во 2001 година.
Ахмети пак истакна дека Охридскиот договор е постигнат „со крвта на мачениците и е оживеан со најдобрите синови на ОВК кои го продолжија својот идеал во ДУИ“, „додека ДУИ е жива, во опозиција или на позиција, нема да толерираме да биде погоден Охридскиот договор“.