Home » Таравари: Четворица пациенти од Шпанија и еден од Грција се враќаат денеска, во домашните болници се третираат 23-ца

Таравари: Четворица пациенти од Шпанија и еден од Грција се враќаат денеска, во домашните болници се третираат 23-ца

by Журнал.мк

Четворица пациенти од Шпанија и еден од Грција се враќаат денеска и првите 24 часа ќе бидат сместени во Клиники, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари на денешната прес-конференција за состојбата на лицата кои се лекуваат во домашните и странски болници по пожарот во Кочани.

„Вчера се вратија еден пациент од Србија и еден од Бугарија. Бројката на пациенти кои во овој момент се лекуваат во странство е 113, а со овие пет што ги очекуваме денеска, ќе падне на 108. Трендот на пациенти кои се подготвуваат за враќање се зголемува“, рече Таравари.

Во домашните болници, додаде тој, се лекуваат 23 пациенти.

„Четворица во Клинички центар, по двајца на Пластична и реконструктивна хирургија и двајца на Токсикологија. Во стара Градска болница се шест пациенти, во „8 Септември“ се девет од кои еден денеска ќе биде испишан и во „Систина“ се четворица. Сите се наоѓаатво стабилна, добра состојба“, истакна министерот за здравство.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk