Home » Таравари: Алијансата за Албанците ќе влезе во изборната трка со албанската опозиција

Таравари: Алијансата за Албанците ќе влезе во изборната трка со албанската опозиција

by Журнал

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари на својот Фејсбук профил пишува дека по неколкунеделни чести консултации и средби, внатре и надвор од темата што ја водаи, по длабоко лично размислување, дошло моментот јавно да го обелодени својот став, како партиски лидер, во однос на претстојните парламентарни избори.

„Имајќи ги предвид вредните и љубезни предлози на сите пријатели, членови и поддржувачи, избрав да го слушам гласот на луѓето кои зборуваат појасно од кога било.

Граѓанинот бара промени! Народот бара политички систем ослободен од епидемијата на корупција, која стана најголемата пречка за благосостојбата и развојот на Албанците во Северна Македонија.

Во својство на претседавач на Алијансата за Албанците, јавно го поканувам партиското Собрание да ме поддржи на ова патување и заедно да го започнеме овој процес што го нарекувам Голема и долгоочекувана промена!

Никогаш оваа Промена не била посигурна и поопиплива. Никој нема поголем кредибилитет од Алијансата да ја донесе оваа Промена! На пат сме, по патот што го трасираше Арбен Џафери.

Овој пат ќе не одведе таму каде што припаѓаме, во големото европско семејство, постојано негувајќи го нашиот постојан сојуз со САД и НАТО со кои споделуваме иста визија и исти вредности.

Непоколебливо верувајќи во моите сопартијци и во нашата заедничка визија, ја барам нивната доверба дека Алијансата за Албанците ќе влезе во изборната трка со албанската опозиција и заедно да продолжиме да го правиме најдоброто за оваа земја

Повеќето луѓе читаат историја, но ретко добиваат шанса да ја напишат. Денес ја имаме оваа можност пред нас. Да бидеме ние тие што ќе пишуваат Историја!“, напиша Арбен Таравари.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk