Home » Таравари: AА нема планови да стане дел од Европскиот фронт / Му верува ли некој веќе на Таравари ?

Таравари: AА нема планови да стане дел од Европскиот фронт / Му верува ли некој веќе на Таравари ?

by Журнал.мк

Претседателот на крилото во Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, објави дека партијата што ја предводи нема планови да стане дел од политичката коалиција Европски фронт предводена од ДУИ.

Во изјава за весникот Лајм, Таравари нагласи дека Алијансата за Албанците ќе настапи на изборите со посебни листи за советници и нема да се придружи на ниедна друга политичка групација во овој поглед.

„Алијансата за Албанците нема планови да стане дел од Европскиот фронт. Ќе се натпреваруваме со посебни листи за советници. Станување дел од Европскиот фронт – никако, дури и не разговараме за такво нешто“, рече Таравари.

Додаде и дека ги почитува субјектите што се дел од оваа коалиција, посакувајќи им успех во политичката активност што ја вршат: „Нека продолжат оние што се таму, им посакувам успех“.

Изјавата на Таравари доаѓа во периодот кога на албанската политичка сцена во Македонија се зголемија шпекулациите за нови соработки и прегрупирања на политичките сили во пресрет на локалните и општите избори. Сепак, неговиот став останува непроменет дека  Алијансата за Албанците има цел да ја задржи политичката автономија и да биде застапена во институциите независно, пишува Лајм.

 

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk