Home » ТАРАВАРИ 2 МЕСЕЦА ИМАЛ ТАЈНИ ДОГОВОРИ СО АХМЕТИ Меџити открива дека лидерот на Алијанса се самоисклучил од Вреди

ТАРАВАРИ 2 МЕСЕЦА ИМАЛ ТАЈНИ ДОГОВОРИ СО АХМЕТИ Меџити открива дека лидерот на Алијанса се самоисклучил од Вреди

by Журнал.мк

На денешната прес-конференција Изет Меџити нагласи дека Алијансата за Албанците имала понуда да учествува со 35% застапеност во коалицијата, но Таравари, според него, ја одбил понудата и се определил за договор со ДУИ.

Коалицијата Вреди ќе настапи заеднички на претстојните локални избори, но без Алијансата за Албанците на Арбен Таравари.

Изет Меџити, денеска обвини дека Таравари потпишал таен договор со ДУИ и дека токму тоа претставува причина за неговото исклучување или, како што рече Меџити, самоисклучување од коалицијата Вреди.

– Не сме ние тие што го исклучивме Таравари. Тој сам се дистанцираше од нас. Тајните преговори со ДУИ траат веќе два месеца. Во игра се и одредени олигарси, а јавноста наскоро ќе ги дознае сите детали – изјави Меџити на прес-конференција.

Тој нагласи дека Алијансата за Албанците имала понуда да учествува со 35% застапеност во коалицијата, но Таравари, според него, ја одбил понудата и се определил за договор со ДУИ.

– Не е тајна дека Таравари имал директни средби со Али Ахмети. Го прави тоа без поддршка од сопствената база и спротивно на анкетите. Очигледно е дека работи во интерес на ДУИ. Ние му понудивме 35 проценти. Не му беше доволно. Наместо тоа, избра друг пат и се самоисклучи – рече Меџити.

Тој повтори дека коалицијата Вреди останува обединета и дека ќе настапи со заеднички листи за советници и градоначалници.

– Им порачувам на гласачите на Алијансата: Не следете го овој пат. Останете во рамки на Вреди. Ние продолжуваме, ќе формираме изборни штабови и ќе настапиме силно на локалните избори – порача тој.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk