28
Македонскиот 15-годишен фудбалер, Лука Трпевски, денеска го стави својот потпис на првиот професионален договор со српскиот шампион Црвена Звезда.
Македонскиот 15-годишен фудбалер, Лука Трпевски, денеска го стави својот потпис на првиот професионален договор со српскиот шампион Црвена Звезда.
Трпевски е стандарден првотимец во својата генерација, но истовремено настапува и за една година повозрасната категорија, што сведочи за неговиот исклучителен потенцијал. Во редовите на белградскиот гигант е веќе две години, откако претходно помина низ младинските школи на Македонија Ѓорче Петров и Вардар.
„Овој договор многу ми значи. Сакам да им се заблагодарам на сите во клубот за укажаната доверба. Чувството е прекрасно, а од мал сонувам еден ден да истрчам на теренот со првиот тим на Црвена Звезда,“ изјави Трпевски за официјалниот сајт на клубот.
Директорот на младинската школа на Звезда, Никола Јелиќ, не го криеше задоволството што успеале да го задржат младиот талент, и покрај силната конкуренција.
„Имаше интерес од многу реномирани клубови од регионот, но ние успеавме да го доведеме и задржиме во Белград. Лука има одлична техника и прецизен шут, и верувам дека ќе продолжи да напредува и да го развива својот талент во Црвена Звезда,“ изјави Јелиќ.
Овој потпис претставува значаен чекор напред во кариерата на Трпевски и уште една потврда дека македонскиот фудбал добива нова генерација млади играчи со голем потенцијал.
@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk