15 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Талат Џафери не бил пијан на седницата за ГА-МА

Најчитани вести

Од кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, на испратено прашање од „Слободен печат“ демантираат дека спикерот бил под дејство на алкохол кога во доцните вечерни часови ја водел седницата на која се расправаше за сега веќе изгласаниот закон со кој државата за 33 милиони евра ќе го купи од „Макпетрол“ делот од АД ГА-МА.

На социјалната мрежа Фејсбук се споделуваше видео од тензичната собраниска седница на која се расправаше за ГА-МА и која траеше цела ноќ, а на очигледната монтажа се тврдеше дека Џафери бил пијан и истото друи беше објавувано на некои малку познати портали.

„Со оглед на тоа дека е крај на годината и во законодавниот дом секојдневно, а понекогаш и до доцните вечерни или рани утрински часови се одвиваат пленарните седници и седниците на работните тела чијашто работа, со оглед на определбата за транспарентно и достапно Собрание, се пренесува директно на Собранискиот канал, за жал, се злоупотребува или манипулира позицијата и личноста на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери со очигледно монтирани, злонамерни и непотврдени инсинуации кои ја дискредитираат неговата личност, позиција и одговорна должност пред институциите и граѓаните. 

Факт е дека овој собраниски состав, покрај тоа што е нов, составен е во поголемиот дел од пратеници кои се првпат на таа функција и се разбира, имаат потреба од време за да ги научат правата и обврските што ги дава Деловникот за работа на Собранието и начинот како да ја вршат пратеничката должност. Би било добро доколку медиумите, порталите и јавноста, ја ценат и почитуваат спремноста на претседателот Џафери да им излезе во пресрет со совет и сугестии секогаш на сите пратеници, без оглед на нивната припадност, онака како што и се изјаснил уште на самиот почеток на неговиот сега веќе втор мандат, дека ќе биде претседател на сите пратеници. 

Со надеж дека овие очигледно монтирани видеа нема да успеат во тие злонамерни цели, со индигнација ги отфрламе“, гласи одговорот од кабинетот на Џафери.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести