Home » Талат Џафери и министерот Демири ќе земат по две плати

Талат Џафери и министерот Демири ќе земат по две плати

by Журнал.мк

Техниччкиот премиер Талат Џафери и министерот за здравство Илир Демири во јуни ќе земат две плати, односно и онаа пратеничката, објавува Алфа ТВ.

Функцијата пратеник е неспојива содруга функција, но очигледно дека Џафери и Демири имаат намера да останат во Владата додека не биде избрана нова.

Од друга страна, министрите Славјанка Петровска, Благој Бочварски и Бисера Костадиновска Стојчевска повеќе нема да ги водат своите ресори, бидејќи се пратеници, и таму се назначени нивни заменици.

Од Владата велат дека остануваат на ставот кој Џафери го искажа на конститутивната седница – дека немало да учествува во работата на Собранието додека му трае мандатот во техничката Влада.

Државната комисија за спречување на корупција веќе ги потсети избраните функционери на уставните и законски начела.

„Непочитувањето обврските и забраните повлекува последица за престанок на мандатот на избраните функционери, согласно Законот за собрание, за пратеници, Изборниот законик. Потсетуваме дека избрано или именувано лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата за неспоивост на функција која ја врши со други функции или дејности утврдени во Уставот и законите“, предупреди ДКСК.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More