Тања Савиќ, која се уште законски не е разведена од сопругот Душан Јованчевиќ, е бремена, пишуваат локалните медиуми, повикувајќи се на аптекарка од Смедерево, каде пејачката неодамна, наводно купила тест за бременост.
– Беше многу мирен ден, немав работа. Тања во еден момент влезе и купи тест за рана бременост, но тоа не мора да значи дека го купила за себе. А што и ако го купила за себе? Млада е, убава е, животот е пред неа. Знам и дека сака да има ќерка, па од срце посакувам тестот да е за неа и да биде позитивен – вели таа за „Скандал!“ аптекарката.
Бидејќи секојдневно се пишува за врската на Тања Савиќ и градоначалникот на Бања Лука, многумина ги интересира како реагирал Драшко на оваа вест, како и дали поубавата половина ќе го израдува со принова.
Сепак, пејачката во оваа прилика не се огласи.