Home » Тајната служба на Црна Гора проверува информации за можен атентат на претседателот Јаков Милатовиќ

Тајната служба на Црна Гора проверува информации за можен атентат на претседателот Јаков Милатовиќ

by Журнал.мк

Полициската управа и Агенцијата за национална безбедност на Црна Гора итно излегоа со заедничко соопштение во врска со загрозувањето на безбедноста на претседателот Јаков Милатовиќ.

Како што се посочува, Агенцијата за национална безбедност на Црна Гора на 6 ноември дошла до информации за потенцијална закана за претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, за што го информирала во директна комуникација.

Исто така, Агенцијата спроведе низа активности за проверка и продлабочување на споменатите податоци, како и за проверка на веродостојноста на изворите. Во оваа насока, досегашните сознанија упатуваат на заклучок дека веројатно се работи за дистрибуција на дезинформации од страна на трети земји.

Агенцијата за национална безбедност, во соработка со Управата на полицијата, ќе продолжи континуирано да спроведува безбедносни заштитни мерки во однос на претседателот на Црна Гора и членовите на неговото потесно семејство.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk