17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Tргнува карванот за антиковид-вакцинација низ државата

Најчитани вести

Од денеска почнува карванот за антиковид-вакцинација кој до 3 април ќе помине во 14 општини и населени места: Шуто Оризари, Кратово, Радовиш, Струмица, Ново Село, Скопје (пред Ист гејт мол), Куманово, село Матејче во Липково, Арачиново, село Сандево во Чучер Сандево, Зелениково, село Неготино во Врапчиште, Кичево и Струга. Карванот го организира Министерството за здравство со поддршка од Светската здравствена организација, УСАИД и УНИЦЕФ.

Четири часа во денот (од 11 до 15 часот или од 12 до 16 часот) на плоштади, пазари, домови на културата во овие локални заедници граѓаните ќе имаат можност да се вакцинираат и да се информираат за придобивките од имунизацијата против КОВИД-19. Оние што се вакцинирани во странство, пак, на локациите ќе може да се евидентираат во системот „МојТермин“.

Покрај карванот за вакцинација, кој ќе биде активен во наредните две недели, граѓаните имаат можност секој ден да се вакцинираат во здравствените домови низ државава. Министерството за здравство соопшти дека располагаат со доволно количини вакцини и нагласува дека тие се безбедни и се најефикасна заштита од заболување, развивање тешка форма на болеста, хоспитализација и смрт.

Во претходното деноноќие беа регистрирани нови 214 случаи на Ковид-19 од направени 2.133 тестови или 10 отсто, 93 оздравени пациенти, и вкупно осум починати, пет лица во последното деноноќие и три преку системот „Мој термин“ во период од 12.02. до 25.02.2022 година. Од вкупниот број на починати лица (8), кај 7 се регистрирани коморбидитети. Од вкупниот број на позитивни (214), регистрирани се 33 реинфекциии.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 303 354, на оздравени пациенти е 292 048, а на починати е 9 180. Активни се 2.126 Ковид случаи.

Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни има во Скопје – 1155, Прилеп – 154,
Битола – 144. Во другите градови има под 100 активни а во Македонски Брод и Дојран ниту еден активен случај.

Според светската статистика, досега се заразиле над 470 милиони луѓе, починале повеќе од шест милиони лица и оздравеле околу 400 милиони жители.

Во Англија од денеска луѓето ќе можат да се вакцинираат со четврта доза вакцина против Ковид-19.
На милиони луѓе во Англија ќе им биде понудена четврта доза од вакцината против коронавирус од денеска, соопшти денеска службата за јавно здравје НХС. Таа доза ќе се препорачува за лица над 75 години и за лица со слаба имунолошка заштита над 12 години. Вкупно околу пет милиони луѓе ќе бидат опфатени со препораката за примање на четвртата доза од вакцината, а 600.000 ќе добијат покана оваа недела да закажат вакцинација.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com