Американскиот производител на електрични автомобили „Теslа“ сега произведува 5.000 автомобили неделно, на половина пат до својата прва производна цел за локација во Германија…
Теslа го објави напредокот во пост на Twitter, а бројката одговара на 250.000 возила годишно.
Првичната цел на компанијата е да произведува 10.000 возила неделно или 500.000 годишно.
Теslа произведува електрични автомобили во Грунхајде во близина на Берлин околу една година и претходно соопшти дека произведува околу 4.000 автомобили неделно.
Фабриката моментално вработува околу 10.000 луѓе, но планира да се прошири, со цел на крајот да произведе еден милион автомобили, иако не е јасно кога тоа би можело да се случи.