Home » СЗО: Пандемијата создаде планина од медицински отпад

СЗО: Пандемијата создаде планина од медицински отпад

by Журнал.мк

Над 200.000 тони медицински отпад, од што голем дел пластичен, се акумулираше ширум светот како резултат на пандемијата на коронавирусот, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО), пренесе ДПА.

Според проценките на СЗО, од почетокот на пандемијата милијардите вакцини создале најмалку 144.000 тони искористени игли, шприцови и контејнери за собирање.

Дополнително, само меѓу март 2020 и октомври 2021 година Обединетите нации имаа испорачано 87.000 тони заштитна облека.

Германската агенција, повикувајќи се на СЗО, пренесува дека тестовите за коронавирус се дополнителни 2.600 тони отпад и 731.000 литри хемиски отпад.

Заштитните маски за приватна употреба не се вклучени во проценките, дополнува СЗО.

-Ковид-19 го принуди светот да се пресмета со празнините и запоставените аспекти на протокот на отпад и како ги произведуваме, користиме и отфрламе нашите ресурси за здравствена заштита, од колевка до гроб, изјави Марија Неира, шеф за животна средина, климатски промени и здравје во СЗО.

Организацијата повика на стратегии за заштита на луѓето и животната средина од лошо отстранетите заштитни облеки, комплети за тестирање и прибор за вакцинација.

Уште пред пандемијата, СЗО предупреди дека една третина од сите здравствени установи не се во можност правилно да го фрлаат својот отпад

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More