Home » СЗО го намалува буџетот за 20 отсто поради излегувањето на САД

СЗО го намалува буџетот за 20 отсто поради излегувањето на САД

by Журнал.мк

По најавеното повлекување на САД од Светската здравствена организација, таа треба да го намали својот буџет за 20 отсто, пренесе Франс прес, повикувајќи се на генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Освен повлекувањето на својата земја од СЗО, американскиот претседател одлучи да ја замрзне практично целата американска странска помош, вклучително и големите програми насочени кон подобрување на здравјето ширум светот.

Соединетите Американски Држави беа најголемиот извор на средства за буџетот на СЗО и во последниот двегодишен буџетски циклус, за периодот 2022-2023 година, учествуваа со 16,3 отсто од вкупниот буџет на организацијата во вредност од 7,89 милијарди долари.

„Најавата на САД дека ќе ја напуштат СЗО, во комбинација со неодамнешното намалување на официјалната помош за развој на некои земји со цел финансирање на зголемените трошоци за одбраната, ја направи нашата положба многу покритична. Иако постигнавме значителни заштеди на трошоците, сегашните економски и геополитички услови ја отежнуваат мобилизацијата на ресурсите“, рече Тедрос Аданом Гебрејесус.

Во февруари, извршниот одбор на СЗО го намали предложениот буџет за периодот 2026-2027 година од 5,3 милијарди долари на 4,9 милијарди долари. Но, како што работите се влошија, сега на земјите-членки на СЗО се предлага буџет од 4,2 милијарди долари, што е намалување за 21 отсто од првично предложениот буџет.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk