Home » СЗО бара 16 милијарди долари за глобално справување со ковид-19

СЗО бара 16 милијарди долари за глобално справување со ковид-19

by Журнал.мк

Потребни се уште 16 милијарди долари за да им се помогне на земјите со ниски приходи да се справат со пандемијата со ковид-19, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Според СЗО со средствата треба да се обезбедат вакцини, тестови и лекови според програмата на ОН. Износот може да се искористи и за складирање на 600 милиони дози вакцини, купување 700 милиони тестови и за лекување на 120 милиони пациенти.

– Науката ни даде алатки за борба против ковид-19, ако тие бидат солидарно споделени на глобално ниво, годинава можеме да ставиме крај на ковид-19 како глобална вонредна состојба – изјави директорот на Тедрос Аданом Гебрејсус.

Според проценките на ОН, 92 отсто од средствата треба да се обезбедат од Европска Унија и од Г-20.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More