Во предновогодишниот амбиент на Café Literatura (Diamond mall), вечерва, со почеток во 21:30 часот, публиката ќе ужива во џез-вечерта Swing and sip, со квартетот на Јани Костурски. Концертот Swing and sip е во организација на Литература.мк“ и „Џез ФМ“.
Покрај Костурски, во составот се: Филип Димишковски (пијано), Павел Ренџов (тапани) и Зоран Павловски (бас).
Репертоарот е внимателно избран за да го долови шармот, емоцијата и иновативноста на џезот, претставувајќи патување низ различни епохи и стилови.
Не пропуштајте го ова уникатно предновогодишно искуство за сите сетила!
Влезот е само со резервација:
078 475 146
rezervacii@literatura.mk
Бројот на места е ограничен, затоа резервирајте на време!