Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (1 март) од 15 до 20 часот спроведоа акциска контрола за престигнување, во која вкупно биле откриени и санкционирани 30 прекршоци (ТЕ-17 и ГВ-13).
„Сите прекршоци се однесувале на престигнување на недозволени, односно забранети места. На возачите-прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци со парични глоби кои за овој вид сообраќаен прекршок, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се движат од 45 до 250 евра во денарска противвредност. На некои од нив и времено ќе им бидат одземени возачките дозволи од три месеци до една година, зависно од тоа како и каде престигнувале.“, извести портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
СВР Тетово со апел до возачите максимално да внимаваат кога станува збор за престигнувањето и да не ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.