Home » СВР Охрид спроведе кампањи за едукација за меѓуврсничко насилство и интернет насилство, како и за одговорно паркирање

СВР Охрид спроведе кампањи за едукација за меѓуврсничко насилство и интернет насилство, како и за одговорно паркирање

by Журнал.мк

Отсекот за превенција при СВР Охрид, изминатата недела реализира повеќе едукативни кампањи на подрачјето на Охрид.

Така, во Основното училишта „Братство Единство“, пред учениците од албанска и турска наставна програма, беа одржани типизирани предавања на тема „Меѓуврсничко насилство и интернет насилство-сајбер и сајбер булинг“.

– Притоа, полициските службеници низ инерактивна комуникација со учениците, зборуваа на темата како облик на насилства и агресивно однесување помеѓу младите, појавните форми на овие асоцијални и девијантни појави кои, сериозно ја загрозуваат безбедноста на учениците со посебен акцент на начините за препознавање, избегнување, пријавување на истите како и на законските овластувања на полициските службеници и казнените одредби за сторителите, информираат од СВР Охрид.

Додаваат дека покрај тоа, полициски службеници од отсекот за превенција, на повеќе сообраќајници во градот ја спроведоа превентивно едукативна кампања „Паркирај одговорно“ со цел, подигнување на сообраќајната култура на возачите на моторни возила и зголемување на сообраќајната безбедност.

– Низ непосредни кратки контакти со возачите, беше укажано на потребата од исклучиво користење на обележани паркинг простори посебно во централното градско подрачје заради елиминирање на неправилно паркираните или непрописно оставените возила на коловоз кое значи попречување на нормалното одвивање на сообраќајот. На возачите на моторни возила им беа поделени и летоци со пригодни сообраќајни совети, изработени во соработка со Републички Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), потенцираат од Секторот. (

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk