9.8 C
Skopje
7 November, 2025

Мапа

независен информативен портал
spot_img
HomeШоубизСветско, а наше: Слушнете ја „Тајната“ на Луциден сон! Проект сниман во...

Светско, а наше: Слушнете ја „Тајната“ на Луциден сон! Проект сниман во Прилеп, италијанска режија и финска продукција (ВИДЕО)

- Advertisement -spot_img

Музичкиот проект Луциден сон ја претстави својата нова песна „Тајната“ – втор сингл и прв видео запис на проектот, снимен на повеќе локации во и околу Прилеп. Видеото, во режија на Елена Мелончели од Италија и продукција на Чиветте студио, ја пренесува интимната и визуелно впечатлива приказна на песната, во која играат Марија Јовеска и познатата прилепска актерка Даниела Иваноска.

Автор на музиката и текстот е Костадин Стојаноски, кој вели:

„Понекогаш, на некои работи им треба време да созреат, да искрчкаат, да се склопат сите коцкички за сонувањата да продолжат да се остваруваат. ‘Тајната’ е приказна што ја носам одамна, и ми беше важно токму во Прилеп да добие своја визуелна форма.“

Вокалот во песната го изведува Гоце Кантар, а на пратечки вокали се јавува Николина Василевска, чиј глас прекрасно го заокружува звучниот пејзаж.

Аранжманот е на Луциден сон, а продукцијата, миксот и мастерингот ги потпишува Savo Karelian Production (Финска).
„Тајната“ е објавена преку издавачката платформа Amuse, а видеото може да се погледне на YouTube каналот на Луциден сон.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img