Home » Светскиот економски форум отвора центар во Белград

Светскиот економски форум отвора центар во Белград

by Журнал.мк

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека Светскиот економски форум ја избра Србија како една од 16-те земји во кои ќе го отвори својот центар, „што е големо признание за образовниот систем, економијата и граѓаните на Србија“.

Брнабиќ за РТС од Женева посочи дека Србија е препознаена како земја на напредни технологии.

– Светскиот економски форум отвори центар во Норвешка во Осло, во Русија во Москва пред само еден месец, а трета европска земја е Србија, истакна Брнабиќ.

Таа потврди дека Центарот ќе работи во рамките на владината Канцеларија за информатичка технологија, а ќе започне од 1 март.

На тој начин, додаде таа, ќе имаат најдобра комуникација со владата, стопанството и граѓанскиот сектор, за да можат да работат на биотехнологијата, биомедицината и вештачката интелигенција.

– Центарот во првиот момент ќе вработи четири лица, верувам дека центарот ќе се прошири и имаме визија за понатамошен развој, рече премиерот.

Таа наведе дека ИТ секторот од година во година расте за повеќе од 25 отсто и има извоз од над 1,8 милијарди евра, од кои вишокот е 1,1 милијарда.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk