13 C
Skopje
Friday, May 7, 2021

Светска банка прогнозира раст на БДП во земјава од 3,6 отсто годинава и 3,5 во 2022

Најчитани вести

Светска банка во најновиот извештај прогнозира раст на македонската економија годинава од 3,6 отсто и за наредната 3,5 отсто.

За земјите од регионот Светска банка предвидува раст на БДП годинава во Албанија од 5,1 отсто, БиХ 2,8 отсто, Бугарија 3,3 отсто, Хрватска 5,4 отсто, Косово 3,7 отсто, Црна Гора 6,1 отсто и Србија 3,1 отсто.

Во полугодишниот извештај  „Глобал Економик Проспектс“ (Global Economic Prospects) прогнозата за раст на БДП во регионот е 4,4 отсто во Албанија, 3,5 отсто во БиХ, 3,7 во Бугарија, Хрватска 4,2 отсто, Косово 4,9 отсто, Црна Гора 3,9 отсто и Србија 3,4 отсто. 

Според Светска банка растот во Западниот Балкан се очекува да се забрза до 3,5 отсто во оваа година, во услови на враќање на довербатааан потрошувачите и бизнисот, како и намалување на политичката нестабилност.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести