23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Светот не е ист без нив: Познати личности кои починаа во 2019

Најчитани вести

Оваа година ќе ја паметиме по многубројните настани на домашната и на светската сцена, но она што дефинитивно ќе остане незаборавено е колку познати личности всушност нè напуштија, оставајќи зад себе богата историја.

Карл Лагерфелд – дизајнер кој беше бренд сам по себе и креативен директор на Шанел. За наследството ја овласти својата долгогодишна асистентка, а речиси сè остави на мачката Шупет.

Лук Пери – неговата смрт беше вистински шок, особено поради најавата за римејк на „Беверли хилс“, кој сепак се случи, но без него. Во март тој имаше мозочен удар од кој не успеа да закрепне и почина неколку дена подоцна.

Рутгер Хауер – го паметиме по улогата во „Блејд ранер“. Почина во јули по кратко боледување.

Кит Флинт – смртта на фронтменот на Продиџи и понатаму е мистерија. Пронајден е мртов во неговиот стан во град во Англија.

Дејвид Белами – светот особено го вознемири веста за неговата смрт. Тој остави зад себе сопруга и пет деца.

Мари Фредериксон – популарниот вокал на Роксет ја изгуби битката со ужасната болест на 9 декември оваа година. Таа боледуваше од тумор на мозокот уште од 2002 година.

Оваа година исто така останавме и без филмската легенда Сју Лајон, композиторката Ел Вилис која на напиша „I’ll Be There For You“ за серијата „Пријатели“, потоа француската ѕвезда Клодин Оже, актерите Дени Ајело и Рене Обержоноа, актерот Питер Фонда, актерката Џули Адамс, раперот Juice Wrld, продуцентот Бранко Лустиг, оперската дива Џеси Норман

На балканската сцена исто така имаше повеќе смртни случаи, меѓу кои и фолк-легендата Шабан Шаулиќ и раперите Бане 187 и Гру, како и водителката и мајка на Јелена Карлеуша, Дивна Карлеуша.

На глобално ниво исто така имаше големи загуби, меѓу кои и поранешниот претседател на Франција, Жак Ширак, поранешниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе, за жал и малата ќерка на Луис Енрике, која изгуби битка со тешка болест, богаташот Дејвид Кох, фудбалерот  Емилијано Сала, а подоцна и неговиот татко

Во Македонија, оваа година го загубивме најстариот фудбалер Илија Николов – Моторетката кој играл за ФК Беласица, актерот Гоце Влахов, бизнисменот Жарко Луковски, академик Ѓорѓи Филиповски и актерката и режисерка Милиана Ленак, одбојкарот Дени Стојчев, а најголем шок за македонската театарска сцена беше смртта на актерката и ексградоначалничка на Кисела Вода, Билјана Беличанец Алексиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести