Home » Светот на боксот во очекување на мечот меѓу Тајсон и јутјуберот Пол

Светот на боксот во очекување на мечот меѓу Тајсон и јутјуберот Пол

by Журнал.мк

Светот на боксот е во очекување на мечот меѓу американскиот јутјубер Џејк Пол и поранешниот светски шампион во тешка категорија Мајк Тајсон, кој е закажан за утре, 15 ноември, по локално американско време, јавува Анадолу.

Мечот ќе се одржи на стадионот ATиT во Арлингтон, Соединетите Американски Држави (САД), дом на Далас Каубојс, голем НФЛ-тим, кој собира 80.000 луѓе, а ќе се пренесува во живо на Нетфликс.

По тој повод Тајсон и Пол синоќа одржаа заедничка прес-конференција во „Toyota Music Factory“ во Ирвинг, Тексас.

Борбата првично беше закажана за јули, но во мај на Тајсон му беше дијагностициран чир, поради што беше одложена.

Пол (27), кој може да се пофали со 20,8 милиони претплатници на Јутјуб, ја започна својата боксерска кариера со аматерска борба во 2018 година во која победи.

Од јануари 2020 година до јули 2024 година Пол победи во 10 од неговите 11 професионални борби, а седум ги доби со нокаут. Тој има само еден пораз од британскиот боксер Томи Фјури во борба минатата година во Саудиска Арабија.

Познат по прекарот „Железен Мајк“, 58-годишниот Тајсон имаше 50 победи, 44 со нокаути, а шест борби изгуби во вкупно 58 меча. Неговите други два меча беа нерешени.

Тајсон се смета за еден од најголемите боксери во тешка категорија на сите времиња.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk