Home » Свето Јаневски побара јавно од австрискиот амбасадор да не го споредува со Кочо Анѓушев

Свето Јаневски побара јавно од австрискиот амбасадор да не го споредува со Кочо Анѓушев

by Журнал.мк

За време на дебатата по повод 30-годишнината од членството на Австрија, Шведска и Финска во ЕУ, еден од присутните студенти го праша австрискиот амбасадор како ќе го коментира подарокот што поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев пред извесно време му го направи на Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Прашањето на студентот беше во контекст на големиот медиумски простор посветен на овој подарок, иако Анѓушев е на американската црна листа, и дали би имал таков позитивен медиумски одјек во Австрија да направил таква донација бившиот австриски премиер, Себастиан Курц.

Одговорот на амбасадорот Мартин Палмер беше дека американската црна листа е индикација, но во земјава нема активни судски процед против Анѓушев. Тој рече дека е добро граѓаните да придонесуваат за институциите и како позитивен пример сакаше да го спомене бизнисменот Свето Јаневски, кој беше присутен во Европската куќа во Скопје, каде се одржуваше дебатата.

Ова не му се допадна на Јаневски и Во тој момент излезе на површина неговата нетрпеливост кон Анѓушев. “Ве молам не ме споредувајте со него, не ме споредувајте…“, реагираше Јаневски. „Знам дека не се почитувате, но сакав да кажам…“, продолжи амбасадорот Памер, додека повторно не го прекина Јаневски, јасно сикажувајќи дека не му се допаѓа таква споредба.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk