Home » Сведокот Гоце Трајковски кој требаше да сведочи за убиството на Вања и Панче е осомничен за палење на кафуле и полицијата трага по него

Сведокот Гоце Трајковски кој требаше да сведочи за убиството на Вања и Панче е осомничен за палење на кафуле и полицијата трага по него

by Журнал.мк

Сведокот Гоце Трајковски, кој треба да сведочи на следното рочиште за убиството на Вања и Панче, закажано за 16-ти декември, е недостапен за Обвинителатвото. Трајковски веќе еднаш не се појави во судница, а неговата мајка Кираца Трајковска, исто така сведок за случајот, го оправда дека имал паничен напад и висок крвен притисок.

„Во однос на сведокот Гоце тој е осомничен и за друго тешко кривично дело и во моментов тој е недостапен. Осомничен е за палење на обејкт во кој над објектот живеат станари, станува збор за тешко дело, каде две лица соизвршитеи се во притвор. Тоа се случило на на 13-ти ноември и има соопштение за опожарено кафуле во Кисела Вода“, информираше денеска обвинителот Гаврил Бубевски.

Инаку Трајковски е поврзан со фамилијата на таткото на Вања, Александар Трајковски, односно биле старо кумство. Сепак, иако се немале видено со години, тој прв доаѓа во станот на исчезнатото девојче и се нуди за помош во потрагата.

Неговото сведочење е важно, бидејќи тој доаѓа до клучни снимки од видео камери уште пред тие да стигнат во рацете на полицијата и прави поврзување на двата случаи, исчезнувањето на Панче со Вања, и на двете возила, онаа на исчезнатиот велешанец со ,,реното кангу” на партијата Десна.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk