Музејската поставка е капитален проект на битолскиот Завод и Музеј, поддржан од министерството за култура.
Синоќа свечено отворена, со специјално осветлување, односно како што вели директорот Николовски визуелен ефект привлечен за сите.
„Тоа е делот каде што е поместен делот на историја, делот на етнологија, градски костими и градска соба. Тие простории се финансирани дел од Европската унија, со ИПА проектот и вечерва на наше задоволство, а се надевам на задоволство на сите вас ќе имаме прилика да го видиме тој реконстуиран дел каде што се вршеа градежни работи и каде се изложени арте фактите, еден голем дел, навистина еден огромен дел од арте фактите што ги поседуваме во нашата институција, ќе бидат изложени за јавноста во наредниот период. Велам само еден, бидејќи останатиот дел од целата музејска поставка треба да бида завршена до крајот на оваа година“ вели директорот на музејот, Зоран Николовски.
Дел од нив во минатото беа изложени низ Музејот, во како што вели Николовски старата музејска поставка.
„Но, еден голем дел арте факти ќе видиме кои што воопшто не беа изложени, кои што беа конзервирани, сега изложени во еден друг амбиент, со еден нов ентериер, со ново осветлување, наменско музејско осветлуивање, во суштина се што вечерва ќе видите е наменски употребено, кога станува збор и за техника и за визуелен впечаток“ рече Николовски.
На свеченоста присутен и градоначалникот на Битола, кој кажа дека во рамките на проект е „Smart4you2“ е и ова поставка, како што беше предходно беше и партнерното уредување на Пациото.
„Пред завршница сме на крај на месецот на овој убав проект „Smart4you2“, дел од прекуграничната ИПА програма Македонија-Албанија во која што лидер партнер, основен односно, носечки партнер е Општина Битола, тука се и општините Пустец и директорат во Корча и МКЦ од страна на Битола, неколку проекти се вклучени овде, меѓу кои овде еве со директорот на мзуејот да го видиме она што тие го подготвија, нова поставка, односно една реконструкција, обновена поставка во рамките на овој проект“ рече градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Коњановски кажа дека се надева оти уште многу други проекти ќе има за Битола во претпристапните преговори со Европската унија, аплицираат заедно и кажа дека имале одлична соработка. Поддршка е и за културата, меѓутоа е и одлична туристичка понуда за Битола.
„Искрено мене ако ме прашате, многу повеќе треба да направиме за промоција и на Битола, многу туристи гледаме тука, меѓутоа треба и да ги задржиме во секој случај. Имаме многу посебни приказни кои што ја карактеризираат Битола, ако започнеме од Османлискиот период, оној период кој тука оставил траги, потоа Хераклеа која што е тука на само два километри од центарот на Битола, приказната со Ататурк во музејот, потоа Првата светска војна, балканските војни, Манаки и уште многу, многу приказни кои што имаме да им ги покажеме на светот“ рече Коњановски.
На свеченото отвораше беше присустна и директорката на Управата за заштита на културното наследнство. Кажа дека и е задоволство што на покана на директорот Николовски таа е на отворањето на оваа музејска поставка.
„Која што е капитален проект финансиран од страна на Министеството за култура и средства обезбедени од канцеларијата на Европската унија. Можам да истакнам дека овие проекти многу значат за Општина Битола, бидејќи не само што се збогатува музејскиот фонд на самиот музеј, каде што овој пат имаме можност да видиме дел историска поставка, дел етнолошка поставка, градски носии, со што љубителите на музејската дејност ќе имаат можност да видат една ретка музејска поставка која што ќе го збогати нели опусот на самиот Завод и музеј и се надевам дека ќе предизвика огромен број на посетители кои што ќе можат да дојдат и да го погледнат ова“ вели Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културното наследство.
Го прашавме Николовски за тоа каква е посетеноста, односно интересот и на туристите за музејот.
„Апсолутно сме задоволни од таа бројка, таа бројка секоја година е се поголема и според туристичките водичи и турооператорите за оваа годона, велат дека година ќе се надмине бројката, досегашната бројка на посетеност“ рече директорот на музејот.
Присутни гости на свеченото отворање има можност во еден исклучително убав амбиент да се вратат низ историјата на градот и регионот.