36.8 C
Skopje
Tuesday, August 3, 2021

Suzuki го покажа футуристичкиот ЕВ концепт Misano

Најчитани вести

Јапонскиот производител Suzuki во соработка со студентите на IED Торино го претстави футуристичкиот електричен концепт наречен Misano

Suzuki Misano е новиот концепт креиран од страна на Transportation Design одделот на IED Торино во соработка со јапонскиот производител. Оваа дизајнерска студија за необичниот „speedster“ со две седишта поставени едно зад друго претставува уникатен начин за поврзуување на автомобилите и мотоциклите на Suziki и нивната експертиза, додека името Misano е извлечено од славната италијанска тркачка патека.

Поврзаноста на овој нов Misano концепт на Suzuki со мотоциклите оди уште подлабоко, бидејќи моделот не поседува традиционален автомобилски управувач и педали, туку управувач инспириран од превозните средства на две тркала. Необичната поставеност на седиштата исто така овозможува простор за батеријата и поголем багажен капацитет, со оглед на тоа дека новиот Suzuki Misano е електричен barchetta модел.

Misano

„Благодарение на соработката меѓу IED и брендот Suzuki, новото концептно возило е креирано да изгледа и како компактен автомобил и мотоцикл кои Suzuki ги произведува. Misano е теза изродена од пасијата на младите дизајнери и развиен како проект во дизајнерскиот центар за да ја понуди новата генерација на новото ‘лајфстајл’ искуство“, изјави Кимихико Накада, директорот на Suzuki дизајнерскиот центар.

Misano

Предниот дел на новиот концепт се одликува со необични фарови во форма на стрела кои се вградени заедно со решетката, а ваквиот стил на изработка е применет и на задниот дел од возилото. Единечната врата на левата страна исто така пристигнува со стаклен панел, со што на возачот му се овозожува да се чувствува дека е уште поблиску до патот.

Suzuki Misano концептот ќе биде прикажан во Museo Nazionale dell’Automobile di Torino од 15 мај до 6 јуни.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести