А1 Македонија го претставува новиот Припејд пакет дизајниран за сите кои сакаат да останат поврзани и безгрижни додека патуваат ова лето. Новата понуда овозможува корисниците да добијат неверојатни 33GB мобилен интернет цел месец, од кои 30GB за користење дома дополнителни 3GB интернет за роаминг во Грција, Хрватска, Турција, Бугарија и земјите од Западен Балкан , односно Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.
„Сурфај и патувај” е одговор на потребите на нашите корисници. Со овој пакет нудиме исклучително издржано решение за мобилен пакет по достапна цена , со покриеност надвор од границите. Веруваме дека оваа понуда ќе биде омилен избор за сите оние кои сакаат флексибилност, слободна и стабилна конекција , без разлика каде се наоѓаат”, изјави Методија Мирчев, Главен извршен директор на А1 Македонија.
Месечниот пакет е достапен по цена од само 599 денари и може да се активира преку апликацијата Мојот А1 или со испраќање СМС со текст 33GB на бројот 1410. По успешната активација корисникот добива потврдна порака по која веднаш може да започне со користење на услугата. Интернетот во роаминг е достапен преку сите оператори во земјите од Западен Балкан , додека во останатите држави корисниците можат да се поврзат преку мрежите на А1 Бугарија, А1 Хрватска, Vodafone Грција и Vodafone Турција.
Пакетот автоматски се обновува секој месец , доколку на Припејд сметката има доволно средства, а може да се деактивира во секое време преку апликацијата Мојот А1 или со испраќање СМС со текст STOP 33GB на бројот 1410.
Со оваа понуда , А1 Македонија ја потврдува својата посветеност кон својата стратегија “корисникот во центарот”, обезбедувајќи решенија што вистински ги одрзауваат потребите и очекувањата на корисниците. Повеќе информации се достапни на www.a1.mk или во најблискиот продажен салон на А1 Македонија.