Home » Сунак официјално поднесе оставка

Сунак официјално поднесе оставка

by Журнал.мк

Британскиот премиер Риши Сунак денеска му поднесе оставка на кралот Чарлс, по поразот на неговата Конзервативна партија на вчерашните парламентарни избори, пренесува Sky News.

Британскиот премиер во заминување последен пат зборуваше од Даунинг стрит, каде рече дека најважна задача за време на неговиот мандат е да ја врати стабилноста на економијата.

Тој рече дека Велика Британија сега е посилна од порано.

По катастрофалните изборни резултати на неговата Конзервативна партија, Риши Сунак ја даде својата последна изјава како британски премиер.

На негово место ќе дојде лидерот на Лабуристите, Кир Стармер. Така после 14 години заврши владеењето на конзервативците.

„Извинете. Дадов се од себе за оваа работа. Но, вие испративте јасна порака и вашата проценка е единствената што е важна. Ова е тежок ден, но јас ја напуштам оваа работа со чест што бев премиер на Најдобрата земја во светот ја преземам одговорноста“, рече тој на почетокот.

Сунак потврди дека ќе поднесе оставка како лидер на Конзервативната партија по неговиот пораз на синоќешните општи избори. Но, не веднаш, туку откако ќе се склучат формалните аранжмани за избор на неговиот наследник. Тој рече дека го слушнал „лутината“ и „разочарувањето“ на гласачите и им се извини на сите кандидати на Конзервативната партија. Го коментираше и неговиот наследник Кир Стармер.

„Какви и да се нашите разлики во оваа кампања, тој е пристоен човек кого го почитувам. Ова е најдобрата земја во светот. И тоа е единствено благодарение на вас, британскиот народ, вистинскиот извор на сите наши достигнувања, нашата сила и нашата Ви благодариме“, рече Сунак и се упати кон Бакингемската палата.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More