Home » Судскиот совет сеуште без одлука за номинациите во Академијата на судии

Судскиот совет сеуште без одлука за номинациите во Академијата на судии

by Журнал.мк

Разговаравме и имаме консултации во советот за членовите на судскиот совет да бидат дел од Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, но одлуката треба да биде колективна изјави претседателот на судски совет Александар Камбовски за Алсат, откако Антикорупциска утврди дека номинациите на двајцата членови се незаконски. Камбовски потврди дека Ханиф Зендели веќе ја повлекол својата номинација за член на управниот одбор, а Антоанета Димовска сеуште не.

” Ние работиме според законите, сите, и антикорупциска верувам дека работи според законите и судскиот совет, секако. Ќе се разгледа цела ситуација и ќе излезе со свој став советот. Личен мој став не би сакал да кажувам бидејќи сепак сум претставник на едно колективно тело и убаво би било прво сите колеги да изградиме еден заеднички став околу ова прашање”, рече Александар Камбовски.

Зендели и Димовска во октомври минатата година беа номинирани за дел од управниот одбор во Академијата на Судии и јавни обвинители, но набргу откако оваа одлука беше објавена јавно, антикорупционерите утврдија судир на интереси и побараа номинациите да бидат повлечени. Сепак, судскиот совет на седница најпрво одлучи дека не се согласува со одлуката на антикорупциска, по што антикорупционерите повторно испратија апел дека советот треба да ги почитува нивните одлуки. По ова, Ханиф Зендели реши да ја повлече номинацијата, додека за Антоанета Димов и натаму останува неизвесно што ќе се случува со нејзината номинација. Покрај членови на судскиот совет, и двајца членови од Советот на јавни обвинители беа претенденти за влез во Управниот одбор на Академијата, но и за нив антикорупциска утврди судир на интереси и побара да се откажат од оваа намера. Од Советот на јавни обвинители исто така првично реагираа дека не се согласуваат со одлуката на антикорупционерите, а до денеска не одговараат дали номинациите на двајцата членови ќе бидат повлечени.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk