Home » Судски совет утре ќе ја разгледува пресудата за разрешувањето на Дамева

Судски совет утре ќе ја разгледува пресудата за разрешувањето на Дамева

by Журнал

Во Судскиот совет денеска пристигна пресудата од Управниот суд со која се поништува одлуката за разрешување на поранешната претседателка на Советот, Весна Дамева, информираа од Судскиот совет. Оттаму велат дека пресудата ќе биде разгледана утре на работен состанок, а по неа треба да се постапи во рок од 30 дена и нема право на жалба. Ова значи дека во рок од 30 дена Дамева ќе се врати на претседателското место во Судскиот совет.

Дамева беше разрешена од функцијата претседателка на Судски совет во април минатата година, кога нејзиниот заменик, Селим Адеми, побара да се гласа за нејзино разрешување, но постапката беше бурна и незаконска.

По разрешувањето, таа поднесе тужба до Управниот суд, кој пресудата ја донесе минатата седмица.

Разрешувањето на Дамева го наруши кредибилитетот на Судскиот совет. Постапката беше проследена со бурни реакции од јавноста, од дипломатскит кор, а министерот за правда Кренар Лога, како и многумина други бараа неотповикливи оставки на сите членови на Советот. Оставка тогаш поднесоа двајца членови на Судскиот совет.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More