Home » Судски совет ја враќа судијката Ристеска во кривичен за да се изрече пресудата за „Ласкарци“ наредната недела

Судски совет ја враќа судијката Ристеска во кривичен за да се изрече пресудата за „Ласкарци“ наредната недела

by Журнал

Утрово кажаа ДА за во Апелација, попладнево истите кои ја избраа ја вратија на старото работно место. Судијката Александра Ристеска од денеска се враќа во кривичниот суд за да учествува во носењето на пресудата за предметот „Ласкраци“ и одговорноста за смртта на 14-те патници.

Молчела таа дека има предмет од голема важноста кој што е пред крај, иззумил претседателот на кривичниот суд Иван Џолев да наведе во барањето до Судски совет дека Ристеска има пресуда за носење наредната недела, а членовите на советот виделе од медиумите. Со 10 гласови ЗА, од денеска таа е времено вратена во кривичен.

Судски се екипираше вонредно. Дел од членовите беа на своите работни места, дел беа вклучени со интернет врска. Повикана беше и претседателката на Врховен Беса Адеми, имала работа, но Дамева ценеше дека изговорот е оправдан, но не знаеше зошто половина од членовите на советот ги немаше на работа иако истите тие синоќа со саати дискутираа за дисциплинската постапка за Беса Адеми, заради непојавување на закажаните седници на советот.

Но, затоа Ристеска доби укор од советот зошто ја премолчила пресудата за „Ласкарци“.

Оштетените, обвинетите и јавноста ќе чујат одлуката на 25 јануари за предмтот кој каска во судот повеќе од три години.

Но, каков ќе биде исходот тоа ќе го одлучи петчлениот Судечки совет во чиј состав е и Александра Ристеска, судијката од кривичен која доби унапредување во Апалеција за кривична материја откако изборот се одолговлечи, бидејќи нејзината колешка од кривичен Оља Ристова, судијата Лазар Нанев и други од триесетината судии кои не беа избрани, а дел од нив имаа и подобри рангирања од избраните обжалија до Врховниот суд.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More