Home » Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Бугарија, десничарите против воведувањето на еврото

Судири меѓу полицијата и демонстрантите во Бугарија, десничарите против воведувањето на еврото

by Журнал.мк

Приврзаниците на крајната десница денеска се судрија со полицијата за време на протестот за поддршка на бугарската валута лев и против воведувањето на еврото, јавува Анадолија.

Протестот се одржа пред Бугарската народна банка (БНБ) и пред претставништвото на Европската комисија во Софија.

Демонстрантите се обидоа да упаднат во зградата на претставништвото на Европската унија, користејќи црвена боја, петарди и молотови коктели. Околу 10 полицајци се повредени, а шест лица се уапсени.

Демонстрантите потоа ја запалија вратата од зградата на претставништвото на Европската комисија во Бугарија, јави репортерот на БГНЕС.

Бугарските парламентарци минатата година усвоија нацрт-закон за преминување на еврото како национална валута од почетокот на 2025 година. Сепак, влезот во еврозоната беше одложен поради високата инфлација и други економски фактори.

Предлог-законот ги регулира принципите, рамката и процедурите за воведување на еврото во Бугарија и ги утврдува правилата и преоден период за да им се даде време на граѓаните да се прилагодат на новата валута.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk