Во Прага утрово се судрија два патнички воза, при што полесно се повредени десетина лица, јавува чешката агенција ЦТК, повикувајќи се на извори од спасувачката служба.
Возовите се судрија во близина на станицата Прага-Либен, на пругата меѓу станицата Височани и главната железничка станица. Спасувачите соопштија дека според деталните информации од местото на настанот, десетина лица се полесно повредени, со набиеници и гребаници.
Сообраќајот на тој дел од железничката пруга е во прекин.
https://x.com/PolicieCZ/status/1836290187858518449?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1836290187858518449%7Ctwgr%5Eaaf7cae8a1babbf1b91b46356764ec0684194d9f%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ffokus.mk%2Fvideo-sudir-na-dva-patnichki-voza-vo-praga-ima-povredeni%2F