Home » „Судир“ Бендевска – Петровска – На политичкиот газда Заев сте му верни до гроб, заминавте од СДСМ оти не бевте ставена на пратеничка листа

„Судир“ Бендевска – Петровска – На политичкиот газда Заев сте му верни до гроб, заминавте од СДСМ оти не бевте ставена на пратеничка листа

by Журнал.мк

Пратеничката Весна Бендевска која порано беше од СДСМ, а сега е пратеничка од ЗНАМ, коалиционен партнер на ВМРО-ДПМНЕ, на поранешната сопартијка Славјанка Петровска која го критикуваше експозето на идниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и порача „кога се наоѓате до врат во жива кал, подобро е да не претате, за да не потонете“.

Таа ја праша Петровска дали го познава Драги Рашковски и дали токму тој и бил констулант кога ја правела зделката за набавката на хеликоптерите со „Леонардо“, неговата омилена италијанска фирма.

-Го познавате ли Драги Рашковски, освен што сте му верни до гроб на вашиот политички газда, Зоран Заев. Вие бевте дел од најнеуспешната, најкриминогената и најантинародната влада предводена од Димитар Ковачевски, односно од Зоран Заев, односно од Артан Груби, рече Бендевска.

Петровска и порача да не зборува за теми кои не ги разбира и кажа дека тој проект бил одобрен во Собранието и од тогашната опозиција.

-Немам консултации со никого. Позади моите одлуки и мојата кандидатура не стои никој, децидна беше Петровска и ја потсети Бендевска дека праќала илјадници пораки кога требало да биде избрана на функција, а заминала од СДСМ кога не била ставена на пратеничка листа. -Толку од вредностите и моралот, рече Петровска.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More