Home » Судиите Исамедин Лимани и Александар Камбовски избрани за нови членови на Судскиот совет

Судиите Исамедин Лимани и Александар Камбовски избрани за нови членови на Судскиот совет

by Журнал.мк

По денешното гласање, Судскиот совет ќе ги пополни двете празни места од редовите на судиите кои беа празни точно една година по оставките на Мирјана Радевска-Стефкова и Зоран Герасимовски кои на ваков чекор се одлучија по контроверзното разрешување на претседателката на Советот, Весна Дамева

Врховниот судија Исамедин Лимани и судијата од Апелациониот суд Битола, Александар Камбовски, се нови членови на Судскиот совет по денешното гласање за избор на двајца членови на Советот од редот на судиите.

Резултатите од денешното гласање на судиите од Врховниот суд и од оние од апелационото подрачје Битола на прес-конференција ги објави претседателот на Комисијата за спроведување на изборите, Сабхи Јакупи.

Од редот на врховните судии, Лимани добил седум гласа, а неговата единствена противкандидатка, судијката Цветанка Периќ, која најави дека ќе се повлече од трката, но, сепак, остана на гласачкото ливче, освоила два гласа.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More