-0.3 C
Skopje
Friday, January 22, 2021

Судење какво што се гледа ретко: Анабела и Андреј судски се разведоа

Најчитани вести

Како што пренесуваат српските медиуми, пејачката Анабела Атијас и бизнисменот Андреј Атијас официјално се развеле во Основниот суд 2 во Белград.

Имено, популарната двојка беше снимена како пристигнува во судската зграда во друштво на своите адвокати.

Пред судијата се задржаа помалку од половина час, а според изјавата на добро информиран извор, лесно се договориле за се’.

За Бланка ќе се грижи Анабела, а Андреј ќе може да ја гледа секогаш кога ќе посака. Ова беше необично судење, кое ретко се гледа, бидејќи емоциите се присутни меѓу партнерите и покрај проблемите што ги имаа“, открива изворот, и додава дека од судницата заедно излегле и се упатиле кон паркиран бел автомобил, со кој заедно заминале.

Анабела не се огласила по повод на овие гласини, додека, пак, Андреј потврдил се’ и истакнал:

Ние сме најдобри пријатели до крајот на животот.“

Инаку, Андреј веќе некое време се лекува од алкохолизам на Институтот во Земун. Пејачката, со која бизнисменот ја има ќеркичката Бланкица, меѓу првите му укажа поддршка кога неодамна замина на лекување.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести