Home » Субвенции за професионални земјоделци

Субвенции за професионални земјоделци

by Журнал.мк

Професионалните земјоделци имаат право и на дополнителни субвенции. Кај три категории производители има зголемување на финансиската поддршка од 5 до 20 проценти. Еден корисник најмногу може да добие до 18,4 милиони денари.

Во првата категорија, условот за користење дополнителна помош од 5 проценти го остварува регистрирано правно лице што е основано од семејно-земјоделско стопанство со целиот земјоделски имот освен објектите за домување.

Втората категорија се младите земјоделци носители на семејно-земјоделско стопанство кои ќе имаат право на уште 10 проценти од основниот износ на субвенциите поради нивното останување во руралните средини и за стимулирање на работењето во оваа дејност.

Третата категорија со поголема финансиска поддршка се регистрираните индивидуални земјоделци или регистрираниот земјоделец согласно Законот за пензиското и инвалидско осигурување.

За нив, субвенциите се поголеми за 20 проценти.

За земјоделските стопанства кои вршат земјоделска дејност во подрачја со ограничени можности висината на директни плаќања е поголема за 15 посто.

Вкупниот максимален износ на директни плаќања, збирно за еден корисник, пресметан во зависност од големината на површината на земјоделското земјиште и бројот на грлата на добиток не може да биде поголем од 18 милиони и 450 илјади денари.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk